Свет 4r8r

11 декември, 2012

BBC Sound of 2013 – листа на изведувачи

Пред крајот на секоја година, BBC организира избор за најдобар изедувач од кој најмногу се очекува во годината која следи. Листата ја составуваат музички критичари и луѓе кои за вработени во музичката индустрија, а потесниот избор ќе биде објавен на 31-ви декември, додека победникот ќе биде прогласен во јануари. Меѓу изведувачите кои се кандидати за признанието „BBC Sound of 2013“ се наоѓаат и женскиот панк состав Севиџис (Savages), лондонскиот рок квартет Палма Вајолетс (Palma Violets), раперката Ејнџел Хејз (Angel Haze) и Р’н’Б изведувачот Хаим. Поранешни победници на ова признание се Џеси Џеј, Адел, Ели Гулдинг и други.

Целосниот список на номинирани изведувачи за „BBC Sound of 2013“ погледнете го во продолжение:

  • AlunaGeorge
  • A*M*E
  • Angel Haze
  • Arlissa
  • Chvrches
  • Haim
  • King Krule
  • Kodaline
  • Laura Mvula
  • Little Green Cars
  • Palma Violets
  • Peace
  • Savages
  • The Weeknd
  • Tom Odel

Извор: BBC.co.uk



Врати се горе ↑