Настани dee3f71b-a7f7-4f73-aa7a-0200ba7d81e4

22 декември, 2015

„Бастил“ доаѓаат на „Егзит 2016“, а „Лост фрикуенсис“ на „Си денс“

Инди-рок сензацијата и еден од најпопуларните нови британски бендови „Бастил“ (Bastille) ќе има чест да настапи на отворањето на фестивало „Егзит“ во четврток, 7 јули на главната бина. Четворката од Лондон за кратко време ја освои планетата со апсолутниот хит „Pompeii“ кој бележи скоро 300 милиони прегледи на Јутјуб и изразито популарните песни Things We Lost in Fire и  Oblivion“. Со над десет милиони продадени примероци од првиот албум „Bad Blood“, кој за кратко време го освои првото место на британската топ листа, со четири номинации за Британските музички награди и освоените ласкави награди за најдобар нов бенд, музичката сцена со големо внимание го исчекува новиот албум закажан за следната година. Со настапите на најголемите светски фестивали како што се „Гластонбери“, „Роскилде“, „Кочела“ и многу други, четворката од Лондон покажа зошто важи за еден од најдобрите „лајв“ состави на светот!

 

И „Си денс“ ќе биде отворен со некои од најголемите актуелни хитови, бидејќи морското поглавје на „Егзит“ Авантурата ќе го отвори белгискиот хитмејкер „Лост фрикуенсис“ (Lost Frequencies)! Двата најголеми летни хитови „Are you with me“ и „Reality“, кои заедно бележат над 200 милиони прегледи на Јутјуб ќе се пејат во хор на Јаз на 14 јули, токму како што порачуваат и стиховите, со задолжителниот залез на сонцето и првите вечерни бои на Јадран. Во прашање се хитовите кои се најдоа меѓу десетте најслушани во изминатата година според податоците од сервисите „Шазам“, „Спотифај“ и „Јутјуб“, на кои белгискиот продуцент Феликс Де Лает, како што му е полното име, се најде во друштво на хитмејкерите како што се Виз Калифа, Ели Гоулдинг, Кајго или Федер!

Exit Magic Adventure 2016 – Нови имиња во програмата:

Според многумина еден од вистинските наследници на Скрилекс, водечкиот светски дабстеп диџеј и продуцент Зомбој го продолжува своето патување на „Егзит“ Авантурата, но овој пат на главната бина на „Си денс“ на која ќе приреди подеднакво еуфорична фестивалска завршница! По одличниот албум „Resurected“ со кој ги маѓепса милионите фанови и светската музичка критика, овој 25-годишен микс виртуоз од Англија ги заобиколи некои од најголемите музички фестивали ширум светот. Константно развивајќи го единствениот звук, Zomboy имаше прилика да соработува на ремиксите на големите ѕвезди меѓу кои се диџеј Фреш и Флукс Павилион, и секако Скрилекс!

Публиката на Јаз со премиерен настап ќе ја израдува и големиот Енди Си (Andy С), или како што најчесто го нарекуваат, таткото на драмендбејс движењето. Веќе шеста година по ред, токму Енди Си е редовно избран од страна на публиката за најдобар светски драмендбејс диџеј, а добитник е и на наградата за најдобар драмендбејс диџеј на сите времиња! Неговата музика инспирираше и влијаеше на некои од најистакнатите претставници на жанрот како што се Ел-ти-џеј Букем, Голди, „Чејс енд статус“, „Саб фокус“ и Вилкинсон, додека многумина од нив ги објавија своите албуми и синглови за водечката драмендбејс етикета, „РАМ рекордс“, чиј основач е токму Енди Си.

На главната бина на горниот град на Петроварадинска тврдина, популарната Фјужн сцена (Fusion Stage), во сабота, 9 јули доаѓаат ѕвездите на даб жанрот, фамозните „Даб пистолс“ (Dub Pistols)! Минатата година се вратија на сцена во голем стил со новиот албум „Return of the Pistoleros“, а енергетски набиениот настап во живо, со седум музичари на сцена и многубројни гости ќе го претстават на централниот настап вечерта на Горниот град. На истото место ќе настапи и популарниот холандски инди-рок бенд „Кенсингтон“ (Kensington), кој во петок 8 јули ќе се претстави пред публиката на „Егзит“ со својот последен албум „Rivals“.

Патувањето низ магичната „Егзит“ Авантура 2016 досега го потврдија и во моментов најголемата светска хип-хоп ѕвезда, Виз Калифа, официјално најдобриот европски рапер Стормзи, како и импресивната листа на X-Bass изведувачи: Мис Дајнамајт, диџеј Хајп, Саб Зиро, Вилкинсон и ем-си Ад-апт и Модстеп диџеј Степ.

Голема новогодишна акција: 1 влезница за 2 фестивала!
За време на новогодишната акција, влезниците за „Егзит“ се достапни по промотивната цена од 3.599 денари, со 70% попуст и со подарок влезница за „Си Денс“! Строго ограничениот број на влезници во рамки на оваа акција во Македонија е достапен преку продажната мрежа на МКтикетс, а повеќе информации за новогодишната понуда можете да најдете на mktickets.mk и на exitfest.org



Врати се горе ↑