Свет The-Conglomerate-Cover

23 декември, 2012

Баста Рајмс и неговиот „Конгломерат“ со нов микстејп

Одлична вест за љубителите на хип хоп музиката. Oткако во август го издаде неговиот деветти по ред студиски албум насловен „Year Of The Dragon“, познатиот рапер Баста Рајмс и уште два артисти од неговата продукциска куќа Конгломерат (Conglomerate Records) на апокалиптичната дата 21-ви декември објавија мисктејп насловен „Catastrophic“, на кој се наоѓаат 17 нумери. Баста заедно со Рик Да Вилан (Reek da Villian) и Џеј До (J-Do)e ги снимија песните „Elevator Music“, „Adorn“, „My Type Of Party“, „Diamond In The Ruff“, „Poetic Justice“ која ја снимија со Џенет Џексон и Кју Тип (Q-Tip), и други. Во продолжение преслушајте ги насловната нумера „Catastrophе“ и „Poetic Justice“, а целото издание можете да го преслушате на ЈуТјуб или на овој линк.

Извор: mtv

 



Врати се горе ↑