Настани an vs kesko tease 2

14 април, 2014

BASS FRIDAY забави во новиот клуб Перон 8‏

Новиот клуб Перон 8 лоциран на железничката станица во Скопје ќе биде домаќин на серијата забави наречени Bass Friday @Peron 8. На овие бас-забави ќе се презентира најдоброто од drum’n’bass, dubstep и trap музиката. Првата од серијата забави ќе започне со настапите на електронските артисти Аномалиа Натива и Кеско. Журката е закажана на Велики петок (18.04.2014) со почеток на полноќ. За доброто расположение и атмосфера ќе придонесе и шоуто на визуелните артисти Лејзи Кидз Вижуал (LazyKidzVisual).

Bass Friday забавите ќе се одржуваат секој петок во клубот Перон 8 и на нив ќе настапуваат најистакнатите домашни имиња во електронската музичка сцена како и гости од соседството и пошироко.



Врати се горе ↑