Настани Otvoranje-Baskerfest-2015-6

26 јуни, 2015

„Баскерфест“ со уште еден екстра ден во Скопје‏

Баскерфест“ караванот продолжува низ Македонија, но и со уште еден екстра ден во Скопје. Иако заврши официјалниот дел на плоштадот „Филип II“ , денеска, 26 јуни со почеток од 17.00 часот па сè до полноќ, во уличниот театар ќе може да уживаат и граѓаните на општина Аеродром. Баскерфест перформансите ќе се одржат пред и во „Капитол мол“.

За музичкиот дел ќе се погрижи најголемата баскер атракција, самба групата „Барбароса“, а ќе има и магионичари, акробации со тркало, огнени перформанси, жонглери, кловнови, возење моноцикл и активности за најмладите. Покрај одличната забава, најавени се и голем број изненадувања за посетителите.

 

 



Врати се горе ↑