Свет GagaBabs

10 декември, 2012

Барбра Страјсенд ја бара Лејди Гага за мјузикл на Бродвеј

Легендарната актерка и пејачка Барбра Страјсенд планира да направи римејк на бродвејскиот мјузикл „Gypsy“, а според она што го изјавила во интервју дадено за Time, таа спомнала дека за главната улога сака да ја ангажира поп ѕвездата Лејди Гага. Имено, приказната која ја обработува овој мјузикл е за стриптизерка и нејзината мајка. Веројатно мајката ќе ја игра Стрејсенд, додека Гага би ја играла стриптизерката.

Гага сигурно одлично ќе ја одигра оваа улога, со оглед на тоа што ликот е сепак комплексен. Звучи како улога за која таа е родена да ја одигра, бидејќи споредната улога воопшто не би била соодветна за „Чудовиштето“. Барбра исто така го режира и продуцира овој римејк. Деталите за сега не се познати, но Гага прекрасно ќе се вклопи со искусната дива, која отпеа голем број прекрасни хитови во текот на нејзината повеќедецениска кариера.

Извор и фото: popcrush

 



Врати се горе ↑