Видео

23 август, 2016

Барбра Страјсенд пее бродвејски дуети со холивудски ѕвезди

Легендарната актерка и пејачка Барбра Страјсенд очигледно е кралица на дуетите. Имено, после изданието Partners од 2014 година, на кое, како што претставувате, се најдоа само дуети со бројни познати имиња од музичкиот свет, 74-годишната икона на 26 август ќе го објави своето триесет и петто студиско издание насловено „Encore: Movie Partners Sing Broadway“, а овој пат со неа ќе запеат едни од најпознатите холивудски ѕвезди.

14095915_10153663969925124_5721316613371478976_n

Антонио Бандерас, Алек Болдвин, Хју Џекмен, Крис Пајн, Мелиса Мекарти, Џејми Фокс, Сет Мекфарлан и Ен Хетавеј се дел од дуетските парнери на претстојниот албум, каде што се сместени 10, односно 14 песни за луксузното издание. Меѓу нив има преработки на теми од добро познати бродвејски класици, како што се „Звукот на музиката“ и „Чарли и фабриката за чоколада“, но и помалку познати песни, особено кога станува збор за помладата публика.

Во рамките на промотивната кампања за новото издание, на Јујтуб се објавени повеќе снимки што го документираат целиот процес на снимањето, а дел од нив можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑