Аудио

27 септември, 2018

Барбра Страјсенд најави нов албум со песна посветена на Трамп

„Don’t Lie To Me“ или „Не лажи ме“ е насловот на новиот сингл на легендарната дива Барбра Страјсенд, кој го најавува нејзниот нов албум со нов материјал по пауза од 13 години. Како што пишуваат американските медиуми, песната е критика за претседателот Доналд Трамп.

„Како победуваш ако ние губиме? Ги менуваш фактите за да се оправдаш, твоите усни се движат, но зборовите застануваат на пат“, пее 76-годишната пејачка и актерка, опишувајќи го американскиот народ „на колена“.

Thrilled to announce that my new album WALLS is coming out November 2nd including a song I co-wrote, “Don’t Lie To Me,”…

Gepostet von Barbra Streisand am Donnerstag, 27. September 2018

 

„Новиот албум е колекција на песни што отсликуваат што сум имала на ум изминатиов период и едвај чекам да го споделам со вас“, напиша пејачката за своето 36. студиско издание насловено „Walls“, кои ќе пристигне на 2 ноември. Нејзиниот последен албум со нов, оригинален материјал беше објавен во 2005 година, а во меѓувреме ја претстави и колекцијата со џез-стандарди „Love Is The Answer“ (2009), колекцијата со песни од нејзините долгогодишни пријатели Алан и Мерилин Бергман – „What Matters Most“ (2011), како и дуетските изданија „Partners“(2014)  и „Encore: Movie Partners Sing Broadway“(2016).

Како звучи воведниот сингл во нејзиниот нов албум дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑