12 август, 2014

Барбра Страјсенд ќе објави дуетски албум со Елвис Пресли, Мајкл Бубле и други

Легендарната пејачка и актерка Барбра Страјсенд ќе објави нов албум на кој ќе се најдат дуети со познати пејачи, меѓу кои и покојниот Крал на рокенролот, Елвис Пресли. Изданието насловено „Partners“ ќе биде објавено на 16 септември, а според официјалното соопштение, албумот ќе содржи 12 дуети на Страјсенд и познати машки вокалисти како што се Били Џоел, Мајкл Бубле, Стиви Вондер, Андреа Бочели, Џон Леџенд, Бејбифејс, Џош Гробан, Џон Мејер, Лајонел Ричи, Блејк Шелтон и нејзиниот син Џејсон Гулд. Постхумниот дует на Пресли со Страјсенд ќе биде неговата добро позната балада „Love Me Tender“. Како најава за новиот албум, во емисијата „Good Morning America“ деновиве беше претставено ексклузивно видео од соработката со популарниот канадски музичар Мајкл Бубле за темата „It Had To Be You“, а како изгледаше сето тоа можете да видите горе.

Последниот дуетски албум на 72-годишната ѕвезда, изданието насловено едноставно „Duets“ беше објавено во 2002 година, а содржеше соработки со Бери Манилоу, Селин Дион, Бери Гиб, Дона Самер и други.



Врати се горе ↑