Македонија 1476404_10151787126641200_1018003366_n

28 ноември, 2013

Барбара и екипата се подготвени за Детската Евровизија 2013

По двегодишна пауза, Македонија повторно ќе биде дел од учесниците на Детскиот Евросонг, кој годинава ќе се одржи на 30-ти ноември во Kиев, Украина, благодарение на минатогодишната победничка Анастасија Петрик која ја отпеа песната „Небо“. Македонската претставничка за овогодинешното 11-то издание на Детскиот Евросонг е 13-годишната Барбара Поповиќ која ќе се натпреварува со песната „Охрид и музика“, а на сцената ќе ја придружуваат Емилија Јовковска, Огнен Анѓушев и Сара Кастратовиќ, која е ќерка на познатата ракометарка Индира Кастратовиќ.

„Де­ца­та се топ, на би­на се ка­ко до­ма. На­вис­ти­на не­ма­ат гај­ле. На мно­гу­ми­на им се до­па­ѓа ка­ко пее Бар­ба­ра и ка­ков им е сцен­ски­от нас­тап. Има мно­гу фа­но­ви. Вче­ра ја имав­ме пр­ва­та про­ба, на уба­ва би­на, во уба­ва са­ла и сe зву­че­ше пер­фек­тно. Се тру­ди­ме да не ги об­ре­ме­ну­ва­ме со плас­ман, ту­ку да се гри­жат са­мо за сво­јот нас­тап“ – ве­лат од ма­ке­дон­ска­та де­ле­га­ци­ја во Ки­ев, пренесува весникот Вест. Како изгледаше сето тоа погледнете во продолжение.

 

Бар­ба­ра има 13 го­ди­ни и учи во ос­нов­но­то учи­лиш­те „Ко­чо Ра­цин“ во Скоп­је. Од шест го­ди­ни учи му­зи­ка, сви­ри пи­ја­но, ком­по­ни­ра и е дел од му­зич­ко­то учи­лиш­те „Или­ја Ни­ко­лов­ски-Луј“„Са­кам да би­дам ка­ко Би­јон­се. Уш­те од ма­ла не ја про­пуш­там ни­ту ма­ла­та ни­ту го­ле­ма­та Ев­ро­ви­зи­ја и сон ми бе­ше да за­пе­ам на таа сце­на. И ете, со­нот ми се ис­пол­ни“ –  ре­че Бар­ба­ра пред за­ми­ну­ва­ње­то за Ки­ев. Ќе би­де об­ле­че­на во спорт­ско-еле­ган­тна ком­би­на­ци­ја на Еле­на Лу­ка.

Дет­ски­от Ев­ро­сонг ќе се одр­жи в’са­бо­та, а МТВ, ко­ја ја има ли­цен­ца­та за ор­га­ни­за­ци­јата, ќе вр­ши ди­рек­тен пре­нос. Го­ди­на­ва ќе се нат­пре­ва­ру­ва­ат 12 др­жа­ви. Се оче­ку­ва гос­ти да им би­дат по­ра­неш­на­та ук­ра­ин­ска по­бед­нич­ка Рус­ла­на и го­ди­наш­на­та – Еме­ли де Фо­рест.

Насловна фотографија: Фејсбук фан страница на Детската Евровизија



Врати се горе ↑