Македонија BAM

31 јануари, 2013

BAM: Гласањето завршува вечерва!

Гласањето во категориите Најдобар машки и женски изведувач и Најдобро видео за 2012 година завршува вечерва една минута пред полноќ. Изведувачите со најголем број на гласови според читателите на РадиоМк ќе бидат наградени со статуетки специјално изработени за оваа пригода. Доколку не сте го дале Вашиот глас за Вашиот фаворит, имате време да го сторите тоа до полноќ, а победниците ќе бидат објавени на почетокот на месец февруари. Дополнително ќе имате можност да го видите и врачувањето на наградите кое исто така ќе се одржи во првите денови од следниот месец.

Во моментов на првите позиции се наоѓаат Рената Кралевска, Боби Андонов и видео записот на Некст Тајм за нумерата „Лице од рај“. Колку гласови имаат останатите номинирани, можете да погледнете на следните линкови:

Најдобар женски изведувач

Најдобар машки изведувач

Најдобро видео за 2012 година



Врати се горе ↑