Македонија BAM

3 јануари, 2013

BAM: Гласајте за најдобриот изведувач за 2012

Посетителите на РадиоМк од денес имаат можност да гласаат за најдобрите артисти од Македонија во три категории (Најдобар машки изведувач за 2012, Најдобар женски изведувач за 2012 и Најдобро музичко видео за 2012). Официјалното гласање започнува од денес (3-ти јануари и трае се до 31-ви јануари 2013 | 23:59), добитниците ќе бидат објавени во почетокот на идниот месец, каде за секој победник РадиоМК и Best Artist of Macedonia ќе им доделат статуетки на шампионите во трите категории.

Гласањето важи само за корисниците на Facebook социјалната мрежа, а вашите гласови ќе бидат верификувани со клик на копчето „Like“ кое се наоѓа веднаш под номинираниот артист.

Нека победи најдобриот!

* Во номинациите учевствуваат дебитанти и истакнати музички имиња од републиката, победникот на изборот за најдобар изведувач е според корисниците на Facebook и се здобива со титулата Best artist/video of Macedonia според Facebook фановите.


Врати се горе ↑