Македонија BAM

27 јануари, 2013

BAM: Боби сè уште на врвот, кој ги престигна Калиопи и Слаткар?

Уште само 5 дена до крајот на гласањето за Најдобар машки и женски изведувач, како и за Најдобро видео за 2012 година. Во изминатиот период на врвот најдолго се задржа Боби Андонов, додека Калиопи и Слаткаристика се симнаа на втора позиција.

Иако сè уште не е крај, сепак пејачката која го отпеа летниот хит „Time, time“ и за која 2012 и тоа како беше успешна година, Рената е во водство со 265 гласови, оставајќи ја Калиопи на второ место со 210 гласови, Боби Андонов останува на водечката позиција со 379 гласови, а со 262 гласа на врвот се искачи видео записот „Лице од рај“ на Некст Тајм, оставајќи го „Олабави ме“ на Слаткаристика на второто место.

Во продолжение погледнете кој на кое место се наоѓа во моментов:

Најдобар женски изведувач

  1. Рената Кралевска – 266 гласови
  2. Калиопи – 210 гласови
  3. Каролина – 107 гласови
  4. Сара Маркоска – 60 гласови
  5. Тамара Тодевска – 43 гласови
  6. Магдалена Цветкоска – 39 гласови
  7. Елена Ристеска – 35 гласови
  8. Викторија Лоба – 23 гласови
  9. Дани Димитровска – 19 гласови
  10. Орхидеја Дукова – 5 гласа

Најдобар машки изведувач

  1. Боби Андонов – 379 гласови
  2. Слаткаристика – 250 гласови
  3. Владо Јаневски – 162 гласа
  4. Влатко Лозаноски – 146 гласови
  5. Тони Зен – 101 глас
  6. Александар Тарабунов – 61 глас
  7. Роберт Билбилов – 46 гласови
  8. Никола Перевски Пере – 43 гласови
  9. Дарко Илиевски – 39 гласови
  10. Димитар Андоновски – 31 глас
  11. Мартин Мила – 21 глас

Најдобро видео за 2012 година

  1. Некст ТајмЛице од рај – 262 гласа
  2. Слаткаристика – Олабави ме – 224 гласови
  3. Тони Зен и Нокаут – Исти – 82 гласа
  4. Влатко Лозаноски – Нема ден, нема ноќ – 81 глас
  5. Каролина – Тој – 51 глас
  6. Магдалена Цветкоска – На врв и на дно – 30 гласови
  7. Елена Ристеска – Опасно време – 26 гласови
  8. ДНК – Авион – 24 гласови
  9. Пеперминт – Ако – 17 гласови
  10. Дарко Илиевски – Гола – 11 гласови

Потсетуваме дека гласањето трае уште 5 дена, а завршува на 31-ви јануари во 23.59 часот.



Врати се горе ↑