Балкански пејачи пеат во чест на Тоше Проески
Во знак на сеќавање на нашиот Тоше Проески, група изведувачи (Тања Бањанин, Оги Радивојевиќ, Ана Станиќ, Бојан Маровиќ, Ана Миленковиќ, Неверне бебе, Адил, Тијана Дапчевиќ, Јелена и Данијел Павловиќ) во соработка со екипата на емисијата „VIM room“ ја снимија песната „Игри без граници“ од последниот албум на Проески.
Песната беше премиерно пуштена во рамките на горенаведената емисија на 16ти октомври 2012 година, кога се обележуваше половина деценија од смртта на Тоше. Три недели подоцна, колегите повторно се собраа и во живо ја изведоа песната во истата емисија која се емитуваше на 4ти ноември. Погледнете го нивниот настап.