Настани

4 јули, 2019

Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид

Во организација на НУ Центар за култура „Глигор Прличев“ – Охрид,  од утре до понеделник (5-8 јули) ќе се одржува 58. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот во чии рамки се афирмираат културните достоинства на народите.

Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ и ЦИОФФ на најзначајни фолкорни манифестации во светот.

Покровител на Фестивалот е Собранието. Организирањето на фестивалот е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Северна Македонија и пријателите на фестивалот. Во рамките на фестивалот се одржуваат и изложби кои секогаш биле блиски на ориентацијата на фестивалот.

Свеченото отворање на фестивалот е утревечер, на 05.07.2019 година (петок) во терминот од 20.30 часот на сцената во Долни Сарај, со програмата на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“.

Извор: Макфакс



Врати се горе ↑