Настани 28e577a3-91e0-4363-9a11-cb238c0428bb

3 март, 2015

Балканската атракција која го освои светот доаѓа на „Си денс“ фестивал!

Легендата на светската музичка сцена, Ману Чао, за нив вели дека се најдобриот европски бенд. Покрај Горан Бреговиќ важат за планетарно најпрепознатливите изведувачи од нашите простори. Тие се „Дубиоза колектив“ и ќе настапат на 16 јули на главната бина на фестивалот „Си фенс“(Sea Dance)! Најпопуларниот балкански бенд ќе свири на Јаз во рамките на големата светска турнеја, во која ќе обиколат преку 100 светски дестинации, некои од најголемите светски фестивали, како и европските метрополи Берлин, Амстердам, Мадрид, Барселона и Виена каде што картите за нивниот настап се веќе распродадени! Во таквиот распоред, за Дубиоза оваа година Јаз ќе биде единствената станица во Црна Гора. Луцидните Босанци пред настапот на Јаз во свој препознатлив стил и на мелодијата на актуелниот хит „No Escape“, со песна ги повикаа сите фанови на „Си денс“, пеејќи ги новите стихови посветени на Будва и „Си денс“ фестивалот.

 

Со проникливите текстови спакувани во музичка мешавина од хип-хоп, реге, даб и рок звук, „Дубиоза колектив“ повеќе од кој било друг бенд од регионот успеа да ја освои како регионалната, така и светската публика. Важноста на овој бенд ја препознаа и бројни светски медиуми, меѓу кои се издвојуваат магазините „Тајм“ и „Би-би-си“, за кои членовите на овој одличен состав се гласот на Босна и целиот Балкан. Ним им се придружи и „Ем-ти-ви“, доделувајќи им го признанието за најемитуван бенд од регионот со наградата за Најдобар Адриа изведувач (Best Adria Act)! Фетбој Слим (Fatboy Slim) ја пушташе нивната песна „Balkan Funk“ на светските фестивали во 2011 година, а Бил Гулд (Bill Gould), лидерот на бендот „Фејт ноу мор“ (Faith No More), истата година го продуцираше нивниот албум за светскиот пазар „Wild Wild East“.

Репутацијата на општествено ангажирани лиричари завиени во интересните и „заразни“ музички композиции, по апсолутниот успех на албумот „Апсурдистан“, ја продолжуваат и со новото издание „Happy Machine“. Со околу милион и половина прегледувања на каналот на „Јутјуб“, од ова издание посебно се издвои нумерата No Escape (from Balkan), чиј спот се најде на насловната страница на сајтот „Пајрат беј“ (Pirate Bay), а на чиј притворен основач Пер Готфид Свартхолм (Per Gottfid Svartholm) му ја посветија песната „Free.mp3“! Покрај „ЕГЗИТ“ (EXIT) фестивалот на кој приредија четири одлични концерти, настапуваа и на најголемите европски фестивали како што се „Роскилде“, „Сигет“, „Еуросоник“, „Палео“ и други. Никого веќе не го зачудуваат ниту распродадените концерти во Белградска арена, загрепскиот Дом спортова, како и најголемите сали од Вардар до Триглав.

Влезниците за „Егзит“ фестивал се достапни по цена од 3.599 денари, а за „Си денс“ 2.240 денари. Единствената влезница за повеќе од десет дена на „Егзит“ Авантурата од Петроварадин до Јаз, може да се набави за само 4.299 денари преку продажната мрежа на МКтикетс или во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат). За сите кои сакаат покрај влезниците на време да го осигураат и сместувањето на двата фестивала, пакетите можат да ги најадат на сајтот www.exittrip.org, официјалната туристичка агенција на „Егзит“.



Врати се горе ↑