24 ноември, 2016

„Балкан бенд“ дебитираат со „Неверник“

Новоформираниот музички состав „Балкан бенд“, пред неколку дена во еден скопски ресторан го промовираше своето првенче насловено „Неверник“, за кое изработија и видео запис. Како автори на ова музичко деби на бендот стојат познати македонски автори, како што е Орце Лазаров, кој беше задолжен за музиката, текстот го напиша Борче Нечоски, додека пак аранжманот е дело на Дејан Момировски. Како специјален гостин на новата песна се појавува и талентираниот Џамбо Агушев.

Видеото се снимаше во казиното „Принцес“ во Гевгелија, а покрај членовите од составот се појавува и атрактивната докторка Љубица Димитриевска, додека комплетната реализација е дело на „Арт-продукција“ и Дејан Ѓеоргиев.

Некаде кон крајот на 2017 година планираме да издадеме албум, а веќе имаме готови три песни од кои една е балада за која тврдам дека ќе биде една од најубавите песни на нашата естрада“, изјави Аце, вокалистот на бендот, кој наскоро со темата „Пелин и мед“ ќе настапи на фестивалот „Роса“.

Како изгледа нивното првенче можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑