30 октомври, 2013

Баладеро го претставија новиот видео запис

Групата Баладеро (Balladero) деновиве го претстави новиот видео запис за темата „I Guess“, која се најде помеѓу 12-те песни од албумот „Club Deuce“, објавен минатата година. Видео записот кој е снимен под режисерската палка на Аљоша Багола во соработка со продукциските куќи Super 15 и Studio Wolf, претставува интимна приказна со контрастот на природната идила од прекуморската рамнина украсена со познатиот супермодел Ева Ахачевчич.

По успешната турнеја и настапот на берлинската телевизија Alex, изборот на песната „I Guess“ не е случаен. Потенцијалот на групата Баладеро е потврден во март годинава со учеството во полуфиналето на признатиот натпревар International Songwriting Competition во конкуренција од преку дваесет илјади автори од повеќе од сто земји.

Баладеро е основана од страна на уметникот Доминик Багола, а во соработка со музичари од целиот свет како што се американскиот басист Шејн Соколски, гитаристот Лоренцо Корти од Италија и тн., во студиото 71 во Мајами под палката на продуцентот Боби Мекинтајр снимен е албумот „Club Deuce“, кој го објавија во февруари минатата година.



Врати се горе ↑