Аудио baklava

8 декември, 2013

„Баклава“ со новогодишен подарок – ремикс на „Твојте очи, Лено“

Музичкиот состав „Баклава има одлично изненадување за претстојните празници! Имено, љубителите на нивната музика имаат можност да уживаат во ремикс издание на нивната верзија од песната „Твојте очи, Лено“, која ја преработи продуцентот Ѓорги Јанев, попознат како диџеј Џорџ (DJ Dzordz).

„Соработката ни беше одлична и со воодушевување ја прифативме новата идеја на Ѓорги. Сето тоа, сега, испадна како новогодишен подарок за нашите слушатели, на кои, се надеваме дека ќе им се допадне…“, велат членовите на бендот. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑