Видео 1512593_592511614137986_2030305514_n

22 декември, 2013

„Баклава“ со нов видео запис: Погледнете го „Ден“

По одличниот ремикс на песната „Твојте очи, Лено“, музичкиот состав „Баклава“ го претставува новиот видео запис за темата насловена „Ден“, која се најде на албумот „Калемар“. Приказната е инспирирана од самиот текст на песната, како и од легендите за самовилите. Нашиот познат модел Наталија Голејшка ја толкуваше улогата на водната самовила, или Русалката која го спасува војникот (Војдан Кардалев) од давење во нејзиното езеро. Таа со својот древен еликсир од утринската роса го премачкува со едно мало, отровно, лилјаково цвеќенце кое расте долж езерото, и така му дава живот. Таа иако ја знае цената на својата бесмртност, сепак се вљубува во него, ризикувајќи Титанија или Кралицата на самовилите (Елена Христова) да ѝ заповеда да се врати засекогаш во водата, доколку давеникот ѝ го види лицето…

Видео записот за чија режија беше задолжен Сибо, а за фотографија Татјана Ранташа, се снимаше на неколку локации: на Дојранско езеро, скопска Чаршија, с. Николиќ, како и по повеќе македонски патишта и планини. „Благодарност до Марија Милошевска и ОРО работилница, на МОБ за отстапените костими, на луѓето од с. Николиќ, на кафулињата од скопска Чаршија, и се разбира на нашите најблиски за поддршката“, велат членовите на Баклава, а како изгледа нивниот „Ден“ можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑