Балкан bajaga

27 јуни, 2013

Бајага пишува музика за мјузикл

Момчило Бајагиќ Бајага за прв пат во неговата кариера ќе напише музика за мјузикл. Класичното дело на српскиот писател Јован Стерија Поповиќ насловено „Женидба и удадба“ ќе биде поставено на театарската сцена од режисерот Владимир Лазиќ, а музиката ќе ја потпише токму Бајага, пренесува српски Блиц.

„Сигурен сум дека тие ноти нема да ја оживеат музиката која личи на Рамштајн“ – изјавил Бајага на шега, нагласувајќи дека ќе се обиде да ја оживее старинската атмосфера на војводинската рамница од времето на Јован Стерија Поповиќ: „Идејата ми е амбиентот на претставата да го заокружам со музика, на која најверојатно ќе работам со современи инструменти. Имам среќа што мојот пријател и клавијатурист од „Инструкторите“, Саша Локнер има искуство во пишување на музика за театарски претстави, па ќе ми довери некои ’тајни’ во врска со тоа. Сакам да напишам добра музика која ќе биде во функција на претставата и по која ќе биде препознатлива додека живее на сцената.“ – изјавил Бајага за Блиц.

Бајага и инструктори сè уште се актуелни со нивниот последен албум „Даљина, дим и прашина“, а видео записот за насловната тема го претставија во декември минатата година. Како изгледаше сето тоа, можете да се потсетите во продолжение.

 



Врати се горе ↑