Настани joyfest kp

10 август, 2013

Бајага на рок фестивалот „JoyFest“ во Крива Паланка

На 23-ти овој месец во Крива Паланка ќе се одржи второто издание на рок фестивалот JoyFest. За разлика од минатата година кога на фестивалот настапија само домашни бендови, овој пат организаторот се обиде да донесе и една рок ѕвезда надвор од нашите граници. Станува збор за познатиот српски музичар Момчило Бајагиќ Бајага, кој ќе настапи заедно со својот бенд Инструктори, а домашните бендови кои годинава ќе ја забавуваат публиката се тетовскиот состав Конкеринг Лајон, кумановците Ептен, од Кавадарци доаѓа бендот кој го освои третото место на фестивалот за демо бендови Јелен Демофест – Смоук Шејкерс, скопјаните Фулиш Грин, како и Вертиго и Партали од Крива Паланка. 

 

Фестивалот ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток од 19 часот, а за потребите на учесниците е обезбедена бина долга 17 метри. На второто издание на ЏојФест се очекува да пристигнат над 10 000 посетители, а од сите градови во државата ќе има организиран превоз.



Врати се горе ↑