Аудио bajaga

27 ноември, 2013

Бајага ја претстави својата „Младост“

Како што Ви пренесовме порано годинава, познатиот српски музичар Бајага ја напиша музика за мјузиклот „Женидба и Удадба“, во режија на Владимир Лазиќ, според истоименото дело на српскиот писател Јован Стерија Поповиќ. За песната насловена „Младост“ која беше претставена на 22-ри ноември, Бајага изјавил: „Од секој добар мјузикл се издвојува некоја песна која останува да живее и надвор од него и сметав дека ’Младост’ е најдобриот избор. Во ’Женидба и удадба’ сите песни ги пеат актери, но бидејќи ’Младост’ добро му прилега на мојот глас, одлучив да ја снимам и да ја објавам.“

Во работата на музичкиот материјал за оваа претстава, на Бајага му помогнаа неговиот долгогодишен продуцент Воја Аралица, клавијатуристот од Инструктори, Саша Локнер, кој бил задолжен за аранжманите и оркестрациите, гитаристот на Инструктори, Марко Њежиќ – Киќа, како и гитаристот на бендот Апсолутно романтично, Зоран Алвировиќ – Кина.

Во песната ’Младост’, бидејќи е во војводински жичан стил, сите тамбури и останати инструменти ги свири Кина, мојот другар кој ми гостуваше и во музиката за филмот ’Професионалец’“ – вели Бајага, кој оваа тема ја издвојува како песна која можеби најдобро го претставува духот на „Женидба и удадба“, а која истовремено може да се слуша и надвор од контекстот на тој мјузикл, истакнувајќи дека тоа е негов омаж на еден голем кантавтор како што е Арсен Дедиќ.

Како звучи „Младоста“ на Бајага можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑