Балкан bajaga.rasic.013

2 јуни, 2014

Бајага и Инструктори одржаа незаборавен концерт во Лондон

Бајага и Инструктори, во рамките на славеничката турнеја по повод 30 година работа, викендов одржаа незаборавен концерт во распродадениот легендарен клуб „100“ сместен во срцето на Лондон, на Оксфорд Стрит. Во овој клуб кој е познат по тоа што во 1976 година бил еден од најважните места за раѓање на панкот и во кој до сега настапиле имиња како што се Ролинг Стоунс, Пол Макартни, Оејзис, Џо Страмер, Ван Морисон и други, Момчило Бајагиќ и пријателите на 31 мај приредија двочасовна свирка со два биса.

Публиката уживаше со најголемите хитови и можеби најдобриот од осумте досегашни настапи на Бајага и Инструктори во Лондон, а песната „Живот је некад сив, некад жут“ Жика Миленковиќ ја посвети на познатиот рок фотограф Брајан Рашиќ, кој го овековечи концертот со својот објектив.

Незаборавен настап. Секоја Ви чест мајстори, сешто ми направивте со емоциите. Белград во Лондон! Ве прегрнувам!“, порачал Рашиќ, белграѓанин кој живее во Лондон и кој во текот на повеќедецениската кариера фотографирал легенди како што се Стоунси, Дејвид Боуви, Мади Вотерс, Роби Вилијамс, Френк Синатра, Бијонсе, Чак Бери, Колдплеј

Бајага и Инструктори ја продолжуваат својата турнеја веќе на 6 јуни со концерт во салата „Крижанка“ во Љубљана, а на 10 јуни ги очекува и учество на хуманитарниот фестивал „Ноќ за помош“ во Домот на млади во Белград, чиј приход ќе оди за помош на настраданите од поплавите во Србија.



Врати се горе ↑