Галерија CC8A9515

29 јуни, 2015

Бајага и Инструктори беа кулминација на сцена на „Златните Кратовски денови“

„Златните денови“ и оваа година беа полн погодок. Изминатите три дена Кратово беше центар на сите случувања, позитивна атмосфера и енергија на сцена. Најпопуларните музички имиња викендов можеа да се видат на сцената забавувајќи ги присутните.

Бајага и Инструктори беа кулминацијата која предизизвика бура на емоции, позитивни реакции и одлична забава. Со „Моји су другови” и официјално заврши саботната програма на „Златни денови“. Елена Ристеска, „Чалгија саунд систем“ беа дополнителен доказ дека програмата и оваа година е полн погодок, уживање за сите посетители.

Петокот вечерта пак, Кратово гореше од позитивна атмосфера, многу насмевки, музика и убави моменти, наподолнети од настапите на Даниел Кајмакоски, ѕвездите на „X фактор Адрија“, „Куку леле“, Блага Петреска, Виолета Томовска, Ефто Пупиноски и Јордан Митев, кои настапија во чест на македонската музичка легенда, Јонче Христовски.

Вчера (недела, 28 јуни), во 12 часот напладне пред платото на Музејот на Град Кратово настапуваа хорот и солисти на „Златно славејче“ заедно со својот другар и долгогодишен водител на фестивалот Влатко Илиевски, со кои и официјално завршија „Златните денови“ во Кратово.

Сè е добро кога добро ќе заврши. Вторите по ред „Златни денови Кратово“ се одличен извор на забава, позитивна атмосфера и убави моменти.



Врати се горе ↑