Видео

28 август, 2018

„Badman World“ е новиот сингл на „Конкеринг лајон“

Македонските реге-предводници „Конкеринг лајон“ (Conquering Lion) го претставија видеото за својот нов сингл насловен „Badman World“, кој е снимен во соработка со италијанскиот колега Рафаел. За аудио продукцијата се погрижи Гоце Трпков (С.А.Ф.), додека видео продукцијата ја заврши Бренсис (Rotosotop Ent). Видеото се снимаше во градовите Охрид и Тетово, а целата авантура беше исполнета со позитивни вибрации, велат од бендот.

Добри Људи! Со огромна чест го најавуваме нашиот најнов сингл и видео запис “Badman World” во соработка со уникатниот…

Gepostet von Conquering Lion am Montag, 27. August 2018

Како и претходниот сингл „Shine“, новата песна е уште една најава за 5. студиски албум на тетовската реге-екипа, која во април годинава го прослави својот 11. роденден. Во меѓувреме, момците имаат и доста зафатено лето, исполнето со настапи на бројни фестивали низ Македонија и регионот, а веќе викендов, на 2 септември ќе гостуваат на солунскиот „Стрит-моуд фестивал“.



Врати се горе ↑