Свет

3 април, 2019

Баба-диџејка од Полска ги размрдува пензионерите со музика

Зад миксетата и лаптотот, со црвен кармин и слушалки на главата, осумдесетгодишната диџејка Вика стои на бината и пушта музика на забава во голем клуб во Варшава. Наместо да се грижи дома за внучиња, најстарата полска диџејка, Вирџинија Шмит, опремена со цедеа, лаптоп и миксета се подготвува да пушта музика за да ги размрда пензионерите, пренесува „Ројтерс“.

„Не ми е грижа доколку на некого не му се допаѓа тоа што јас танцувам зад миксетата“, вели диџејката и почнува да ракоплеска заедно со публиката во ритамот на мелодијата.

Таа веќе две децении пушта музика за пензионерите во Полска, а благодарение на тоа се стекнала со голема слава и почит. Секој понеделник таа забавува околу илјада луѓе во клубот „Хука Кула“ и ги охрабрува постарите лица да се забавуваат со музички репертоар кој вклучува сè – од диско и рок-музика до самба и балади.

„Јас не се вклопувам во стереотипот за старите луѓе. Не гледам зошто мојата возраст треба да влијае на моите животни навики“, вели енергичната Вика.

Извор: Нова Македонија / Фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑