Македонија bklan

20 октомври, 2012

Б-Клан со два видео записи

Во последно време хип хоп музиката е доста популарна ширум светот, па тој тренд е присутен и кај нас. Младите особено го сакаат овој стил на музика, за некого е само разонода, а за некого животен стил. Битолскиот хип хоп составот Б-Клан е одличен пример за оние вторите. Формиран уште во 2009 година, составот до сега има околу четириесет песни, а за две од нив имаат снимено и видео запис. РадиоМк како музички портал кој се бори за промоција и излез од анонимноста на нашите таленти ширум Македонија, им излезе во пресрет на младите битолчани да покажат што знаат и умеат. Во прилог следуваат видео записите за песните „Избледена слика“ и „Само една ноќ“. И двете песни се во соработка со уште една млада пејачка Марија Станковска, музиката и аранжманот се на Мими Марковски, а текстот заеднички го потпишуваат Мими и Б- Клан.

За видео материјалите се погрижија Dream Cast продукција.

 



Врати се горе ↑