12 јули, 2013

Б-Клан и Марија Станковска пеат „До последен здив“

Битолското рап дуо Б-Клан вчера го претстави својот нов видео запис за песната „До последен здив“, во која повторно гостува младата пејачка Марија Станковска. Музиката и аранжманот ги направи Мими Марковски (Gimel Studio), текстот заеднички го потпишуваат момците од Б-Клан, Мими Марковски и Елена Трпковска, а за хорското пеење кое дополнително ја збогатува песната се виновни Марија Станковска, Андријана Думевска, Марија Јовановска, Мими Марковски, Наум Мицевски, Давор Данилоски и Кристијан Пашоски. 

За видео записот се погрижија веќе докажаните Dream Cast Production, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑