14 ноември, 2012

Азилиа Бенкс го објави спотот за „Атлантис“

Поранешната раперка Азилиа Бенкс, неодамна го претстави видео записот за песната „Атлантис“ кој е дел од нејзиното микстејп издание „Fantasea“ коешто беше објавено во јули. Ова веројатно е последниот спот од ова издание, а веќе следниот ќе дојде од нејзиниот долгоочекуван (и долго одложуван) деби алум „Broke With Expensive Taste“, кој се очекува во февруари следната година. На тој албум се очекува да се најдат соработки со некои нејзини колеги, вклучувајќи ги оние со Лејди Гага и Канје Вест. Овој интересен анимиран видео запис во кој Бенкс сурфа на ајкули во живописниот подводен свет е во режија на Фафи.

Извор: mtv.rs



Врати се горе ↑