Свет azealia-banks

28 јануари, 2013

Азилиа Бенкс го најавува новиот сингл „Yung Rapunxel“

Деби албумот на Азилиа Бенкс „Broke With Expensive Taste“ беше најавен за 2012 година, но датумот беше поместуван неколку пати. Бидејќи Азилиа е една од најактивните ѕвезди на Твитер, утрово преку таа мрежа објавила дека ќе дојде до промени во планот и дека новиот сингл нема да биде песната „Miss Amour/Miss Camaraderie“, туку нумерата „Yung Rapunxel“, која ќе биде најавен сингл за долгоочекуваниот деби албум, а истата ќе ја чуеме на 12-ти февруари.

Во ноември минатата година, таа го претстави видео записот за нумерата „Atlantis“, која се најде на нејзиното микстејп издание „Fantasea“. Како тоа изгледаше можете да се потсетите овде.

 Извор: NME



Врати се горе ↑