Балкан Ellyland & Telman (Suncane Skale)

12 јуни, 2013

Азербејџан и Русија се враќаат на „Сунчане Скале“

Покрај многуте познати изведувачи од поранешна Југославија, годинава на музичкиот фестивал „Сунчане Скале“ на 29-ти јуни ќе се појават и ѕвезди дури од Азербејџан и Русија. Од Азербејџан доаѓа младата и талентирана Елиланд (Ellyland), надевајќи се на добар пласман со нејзината песна „Colorized“, која е веќе голем хит во Германија и Азербејџан. Таа учествувала на домашниот избор за Евровизија во 2010 година со песната „Up, up“, која е дело на познатиот азербејџански композитор Иса Меликов, менаџер и продуцент на победниците на Евровизија 2011 – Ели и Ники.

Азербејџан за прв  пат се појави на „Сунчане Скале“ минатата година, кога Сејран (Seyran) со песната „Sunshine“ го освои второто место. Во продолжение слушнете ја овогодинешната песна од Елиланд – „Colorized“.

 

Русија за последен пат учествуваше на овој фестивал во 2011 година, а годинава повторно се враќа на оваа сцена со Телман Ибрагимов од Република Дагестан, кој ќе се претстави со песната „Сердце пополам“, одлична денс мелодија која има потенцијал за летен хит. Телман соработувал со многу изведувачи од Русија, Турција, Азербејџан и многу други, а ова ќе биде негово прво појавување на нашите простори. Настапот на овој популарен црногорски фестивал е првиот негов чекор за проширување на неговата популарност во нашиот регион. Во продолжение слушнете ја неговата композиција „Сердце пополам“.

 



Врати се горе ↑