Концерт 1502512_863940996975805_4591788779107095858_n

16 јули, 2015

Австриското трио „Фи“ и нашите „Визија“ и „Колт“ на 24 август во „Хавана“

Австриското прогресивно рок трио „Фи“ (Phi) ќе ја започне својата европска турнеја во август промовирајќи го нивниот најнов албум „Now the Waves of Sound Remain“, кој беше издаден од страна на „Gentle Art of Music“ минатата година. Бендот ќе настапи во Скопје на 24 август во „Хавана“, заедно со бендовите „Визија“ и Колт.

 

По нивното формирање во 2006 и постигнувањето првите видни успеси во 2008 година, „Фи“ го издаваат албумот „Years Of Breathing“, кој добива одлични критики. Бендот има настапувано во Австрија, Гермнија, Швајцарија, Унгарија, Романија и Литванија. Во својот нов албум бендот, кој потекнува од Баден, создава звук кој е споредлив со оној на „Раш“ (Rush), „Тул“ (Tool) и „Поркјупајн три“ (Porcupine Tree).

Настанот во организација на „Prog Sphere“ ќе започне во 20 часот, а влезниците ќе чинат 150 денари.



Врати се горе ↑