14 декември, 2015

Австријците „Мејкмејкс“ со симпатичен празничен видео запис

Австриската поп-рок актракција „Мејкмејкс“ (The Makemakes), која годинава ја претставуваше земјата домаќин на јубилејното 60. издание на Евросонг, а имавме можност да ги видиме и во Македонија како гости на концертот на „Уан репаблик“, деновиве објави симпатичен видео запис за својата верзија на празничниот класик „Please Come Home For Christmas“, оригинално отпеан од американскиот блуз пејач и пијанист Чарлс Браун во 1960 година.

Ова одлично загревање за претстојните празници можете да го погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑