Настани TH001_23

8 мај, 2014

Австралија вечерва ќе ѝ се придружи на Евровизија

Вечерва за прв пат на евровизиската сцена ќе се претстави и Австралија, но не како натпреварувач, туку во ревијалниот дел од програмата. Имено, со оглед на тоа што земјата има едни од најбројните и најверни евровизиски фанови надвор од Европа, вечерва ќе ја видиме популарната австралиска пејачка Џесика Маубој (Jessica Mauboy) која ќе настапи со песната „Sea Of Flags“, а изведбата ќе вклучува елементи од нивната култура. Како ќе изгледа сето тоа можете да видите во видеото од синоќешната проба.

 

Овој популарен музички натпревар во Австралија веќе долги години се емитува на SBS, а се проценува дека го следат околу 3 милиони гледачи. Интересно е тоа што годинава Евровизија за прв пат започна да се емитува и во Нов Зеланд.

Насловна фотографија: Томас Хансес (Thomas Hanses, EBU/eurovision.tv)



Врати се горе ↑