Свет Avril-Lavigne-FB

10 август, 2013

Аврил Лавињ: „Новиот албум ќе стигне во септември“

Канадската пејачка Аврил Лавињ на почетокот на месец мај го претстави првиот сингл „Here’s to Never Growing Up“, кој го најави нејзиниот петти студиски албум кој ќе го наследи „Goodbye Lullaby“ од 2011 година. Изданието чиј наслов ќе биде едноставно „Avril Lavigne“ (фотографијата од обвивката можете да ја видите долу) се подготвува уште од минатата година и ќе пристигне на 24-ти септември, а за продукцијата се задолжени Мартин Џонсон, Макс Мартин и Дејвид Хоџис. Покрај првиот сингл, Лавињ неодамна го објави и вториот, а темата насловена „Rock N Roll“ можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑