Свет Avril-Lavigne-Sexy-Wallpaper-2013

10 февруари, 2013

Аврил Лавињ најави нов сингл

„Одлични вести… Го одбрав мојот прв сингл… ’Here’s To Never Growing Up’!!!“ гласи твитот на канадската пејачка Аврил Лавињ објавен деновиве. Новиот сингл кој е продуциран од Мартин Џонсон (фронтмен на поп-панк бендот Бојс Лајк Грлс), е најава за претстојниот петти по ред студиски албум на Лавињ кој треба да излезе во текот на годинава, веројатно уште во месец март.

Новото издание ќе го наследи „Goodbye Lullaby“ од 2011 година, албум кој го освои чествртото место на US Billboard 200 листата и деветтото место во Обединетото Кралство. Во продолжение да се потсетиме на нумерата „Smile“.

Извор: Digitalspy.uk



Врати се горе ↑