Аудио

16 февруари, 2019

Аврил Лавињ и Ники Минаж возвраќаат на критиките со „Dumb Blonde“

Уште пред да биде објавен, новиот сингл на Аврил Лавињ привлече големо внимание заради насловот „Dumb Blonde“ или „Глупава плавуша“, за кој 34-годишната Канаѓанка ги здружи силите со рап-ѕвездата од Тринидад и Тобаго – Ники Минаж. Двете музичарки одлучија да возвратат на критиките на сметка на русокосите девојки, односно на стереотипот за кој (намерно или не) можеби највиновна е холивудската икона Мерилин Монро, особено заради нејзините улоги во филмови како што се „Господата преферираат русокосииКако да се омажиш за милионер“.

Новата песна е трет сингл од штотуку објавениот, 6. по ред студиски албум „Head Above Water“, најавен со насловната балада и емотивната „Tell Me It’s Over“, кои се доста посериозни, па се чини дека „Dumb Blonde“ е тука за да ја развесели атмосферата, а критичарите веќе ја опишаа како „женска химна“. Сè уште не е познато дали пејачките ќе ја заокружат соработката и со видео, па додека очекуваме најава за евентуална екранизација, дознајте како звучи „Dumb Blonde“. Уживајте!



Врати се горе ↑