Свет MSHARIQEN-3703-1

1 јули, 2013

Аврил Лавињ и Чед Кругер најавија венчавка и заедничка песна

Аврил Лавињ (28) и пејачот од групата Никлбек, Чед Кругер (38) се верија уште во август минатата година, но иако најавија дека „венчавката ќе следи наскоро“, приближно година дена подоцна, парот кој се запознал во февруари 2012 година кога Кругер почнал да соработува на албумот на тогашната „колешка“, конечно објави дека венчавката е закажана за 1-ви јули, пренесуваат американските медиуми.

За свадбената забава, која наводно веќе се случила на 29-ти јуни во познатиот Кан на југот на Франција, за сега не се знае многу, освен тоа дека ќе присуствуваат само „најблиските пријатели и роднини“, а „свадбената песна“ ќе биде композицијата која ја напишале заедно и ќе биде објавена како сингл веднаш по венчавката. Со оглед на тоа што и двајцата се од Канада, овој датум одбрале бидејќи денеска е празникот на земјата, па дури и темата на свадбата ќе биде во црвена и бела боја.

Лавињ веќе има еден брак позади себе; таа беше омажена за Дерик Вајбли од групата Сам 41 (Sum 41), чиј брак траеше три години. Нејзиниот петти студиски албум кој го најави со синглот „Here’s To Never Growing Up“, според последните информации е најавен за септември годинава.

 



Врати се горе ↑