Видео

13 декември, 2018

Аврил Лавињ го најави новиот албум со уште една моќна балада

Канадската пејачка Аврил Лавињ имаше доста големи подеми и падови во нејзината кариера, но годинава сигурно ќе ја памети по подемите бидејќи она што досега го слушнавме од новиот материјал е одлично и соодветно за големо враќање на сцената. Имено, 33-годишната ѕвезда во септември го објави воведот во претстојното, шесто по ред студиско издание „Head Above Water“, а во истоимениот сингл опеа една од најтешките битки што ги водела во својот живот.

Avril Lavigne

Последните неколку години ги поминав дома, борејќи се со Лајмската болест. Тие беа најлошите години во мојот живот бидејќи поминав низ физички и емоционални битки. Бев способна да ја претворам таа борба во музика и навистина сум горда на тоа“, рече пејачката кога го објави овој сингл, а сега стигна уште една моќна песна, инспирирана од легендите Ела Фицџералд, Били Холидеј, Арета Френклин и Ета Џејмс.

„Тие претставуваат жени кои застануваат во одбрана на жените и нема да трпат лошо однесување од мажите“, објаснила Лавињ за новата песна насловена „Tell Me It’s Over“, опишувајќи ја како „химна за силните жени и за носењето одлука да се стави крај на лоша врска“.

 

Освен новата песна, Аврил го откри и списокот со песни што ќе се најдат на новиот албум, како и дека сето тоа ќе биде официјално објавено на 15 февруари.

 



Врати се горе ↑