21 април, 2015

Аврил Лавињ ги воодушеви колегите со видео записот за „Fly“

Неодамна објавениот сингл на Аврил Лавињ, темата „Fly“ е снимена за Специјалните олимписки игри, во кои учесниците се лица со ментална попреченост, па и самата порака на песната е охрабрувачка и инспиративна. Канадската пејачка во видео записот се дружеше со натпреварувачите, а вметнати се и кадри од бројни спортски натпревари.

Песната и видео записот наидоа на одлични реакции, не само од нејзините фанови и спортистите, туку и од бројни колеги од музичката сцена, кои го пофалија целиот проект на пејачката. Пофални зборови стигнаа од Бритни Спирс, Никол Шерцингер, Деми Ловато, „Бекстрит бојс“, актерката Ева Лонгорија и други, а како изгледа и звучи „Fly“ можете да слушнете и видите горе.

 

 



Врати се горе ↑