17 декември, 2014

Авичи со авантуристички видео запис за „The Nights“

По синглот „The Days“, во кој гостува Роби Вилијамс, Авичи неодамна ја претстави и темата насловена „The Nights“, со чиј видео запис популарниот диџеј и продуцент се обидува да Ве инспирира максимално да го искористите своето време. Главната улога во екранизацијата на овој сингл ја има авантуристот Рори Крејмер, кој бил и главна инспирација за темата, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Двата сингла и нивните ремикси на 1 декември беа објавени на ЕП изданието „The Days/Nights“, а ќе се најдат и на претстојниот втор студиски албум „Stories“, кој се очекува следната година.



Врати се горе ↑