Аудио photo_92_0

22 јуни, 2013

Авичи најави нов албум: „#TRUE“ ќе излезе на 17-ти септември

Швескиот диџеј и продуцент Авичи неодамна потпиша договоро со Island Records, а наскоро ќе издаде и нов материјал со оваа етикета. Тој најави нов албум кој ќе го носи насловот „#TRUE“, закажан за 17-ти септември, а на него ќе се најде и новиот сингл „Wake Me Up“, кој деновиве се најде на сервисот ЈуТјуб, а на АјТјунс ќе биде достапен од 25-ти овој месец. Песната има кантри и фолк призвук, а во моментов е на првото место на топ листите во Шведска, Данска, Финска и Холандија.

 

Меѓу колегите кои гостуваат во новото издание се најдоа и Најл Роџерс, Алое Блек и Мајкл Ајнсингер од Инкјубус, а за новиот материјал Авичи изјавил: „Овој албум навистина го промени начинот на кој размислувам и начинот на кој ја гледам музиката. Работев со луѓе од различни жанрови. Сите тие на свој начин влијаеја врз мојата работа и ќе биде интересно да се слушне резултатот од таа соработка.“

Музичарот исто така црпел инспирација и од други невообичаени места – тој ги здружи силите со тркачкиот Формула 1 тим Лотус за да објави песна инспирирана од овој спорт. Во соопштението пишува дека песната „ќе биде инспирирана од човечките емоции на возачите, текот на трката и интензитетот на атмосферата на тркачките патеки.“ Како што можете да видите на фотографијата во продолжение, тој го посети Енстоун во Ангија, домот на тимот Лотус, а нам ни останува да почекаме и да слушнеме како ќе звучат овие емоции од тркачките патеки преточени во музика.

Извор и фото: PopCrush



Врати се горе ↑