Свет Avicii

26 декември, 2013

Авичи лансира онлајн видео платформа

Сè попопуларниот шведски диџеј и продуцент Авичи најави дека ќе лансира нова креативна кампања под името TrueTube, која е дело на Universal Music и Fourclops. Новиот концепт ги следи неговите проетки „Avicci x You“ и „Gravity“, со цел да пронајде нови начини на фановите да им овозможи интерактивно искуство, кога станува збор за неговата музика.

По неверојатната 2013 година во која со неговиот деби албум „True“ постигна огромен успех на топ листите ширум светот, Авичи сега го лансира TrueTube, нова креативна онлајн платформа која е дизајнирана со цел да им овозможи на фановите да креираат свои музички видео записи за песните кои се наоѓаат на албумот. Ним ќе им биде овозможено да вклопуваат видео клипови од интернет по нивен избор, со одреден песна од албумот, а TrueTube нивната работа ќе ја спои со музиката, создавајќи потполно нов и личен начин за уживање со музиката која ја прави Авичи.

Идејата беше инспирирана од слични концепти, меѓу кои највлијателен е познатиот „Dark Side Of The Moon“ од Пинк Флојд, кој во исто време прикажува и снимки од филмот „Волшебникот од Оз“, а кога ќе се земе предвид огромната количина на содржината која ќе можат да ја комбинираат фановите, тоа дава голем потенцијал за TrueTube да произведе голема количина одличен видео материјал.

Целото искуство е насочено кон тоа да се забрза и олесни употребата на овој сервис, а истовремено да се генерира голема количина видеа и да се осмислуваат нови алатки во користењето на сервисот, овозможувајќи им на корисниците на прегледуваат видеа од други членови и да гласаат за своите фаворити. Во претстојните месеци ќе бидат организирани и натпревари во кои оние со најдобри идеи ќе бидат наградени со екслузивни награди. Кога ќе се земе предвид количината на приказни која го опкружува TrueTube, тоа би можело да биде уште едно возбудливо поглавје за Авичи.

 



Врати се горе ↑