27 декември, 2017

Авичи ја екранизираше „You Be Love“

Шведскиот диџеј и продуцент Авичи го објави видеото за темата „You Be Love“, на која гостува рок-пејачот Били Рафул, а која се најде на ЛП изданието „Avīci (01)“ објавено во август годинава. Во режија на Ти-Ен-Ти, видеото раскажува љубовна приказна прикажана преку суптилните пози и експресии на статуите.

Апстрактното видео воедно го одразува размислувањето на 27-годишниот уметник за неговите чувства. „Никој од нас денес не може да носи со своите емоции, повеќето од нас само реактивно трчаат наоколу“, рекол тој во неодамнешен разговор со „Ролинг стоун“, додавајќи дека „затоа одлучил да престане да оди на турнеја, бидејќи не можел правилно да ги прочита своите емоции“.

Авичи соопшти дека ќе се „пензионира“ од настапите во живо 2016 година, а неговиот неодамна објавен документарец на „Нетфликс“, „Авичи: Вистински приказни“ (Avicii: True Stories), дава интимен поглед на неговите здравствени проблеми кои доведоа до таа одлука.



Врати се горе ↑