19 септември, 2017

Авичи и Рита Ора се „Осамени заедно“

Популарниот шведски диџеј и продуцент Авичи го објави видеото за соработката со својата британска колешка Рита Ора за темата „Lonely Together“, која е сместена на неодамна објавеното ЕП издание „Avici (01)“, каде што се сместени вкупно 6 песни. Бројот 1 во насловот воедно е индикација дека ќе има и продолжение, а музичарот откри дека станува збор за една третина од неговиот трет студиски албум што ќе наследи мошне успешниот „Stories“ од 2015 година.

Рита Ора, пак, која сè уште е актуелна со повратничкиот хит „Your Song“, се чини дека не сака да избрзува со новиот материјал од својот долгоочекуван и повеќепати одложуван втор албум, за кој сè уште не се познати никакви детали, па додека очекуваме нешто ново од неа, уживајте со одличната соработка со Авичи!



Врати се горе ↑