Свет Avicii__Aloe_Blacc

27 јули, 2013

Авичи и Алое Блек го соборија рекордот на британската сингл листа

При крајот на месец јуни, шведскиот продуцент и диџеј Авичи го најави својот трет студиски албум „TRUE“, а како вовед во изданието закажано за 17-ти септември го претстави првиот сингл „Wake Me Up“, во кој гостува калифорнискиот соул пејач Алое Блек (Aloe Blacc). Песната изненади како со својот поинаков и неочекуван звук базиран на фолк и кантри музиката, така и со огромниот успех кој го постигна на британската сингл листа. Од оваа недела „Wake Me Up“ и официјално го постави рекордот како најбрзо продаван сингл во Велика Британија за оваа година со тираж од 267 000 примероци во првата недела; претходниот рекорд го држеше Робин Тик со „Blurred Lines“ во кој гостуваа Ти Ај и Фарел, а во својата прва недела од продажбата успеал да постигне резултат од 191 000 продадени примероци задржувајќи се пет недели со ред на врвот на листата на најпродавани синглови. За успехот да биде уште поголем, „Wake Me Up“ е и најпродаван сингл од „божиќниот“ сингл „He Ain’t Heavy, He’s My Brother“ кој Џастис Колектив го претставија во ноември минатата година.

Авичи го постигнува овој успех со вториот сингл кој го зазеде врвот на британската листа, а претходниот и прв сингл беше соработката со Ники Ромеро за песната „I Could Be The One“, објавена пред пет месеци.

 

Извор: billboard.com



Врати се горе ↑