Балкан 15660_626952764018901_663161029_n

16 февруари, 2014

Авангардното дуо 2 Тотема го објави своето прво ЕП издание

Авангардното пост-панк дуо 2 Тотема (2 Totems) неодамна го објави своето прво ЕП издание насловено „There’s Someone At The Door“ за издавачката куќа Black Planet Records. Дуото постои од 2006 година, но на почетокот под името Black Marine ft. FatZed. Составено е од Марина Весиќ (композиторка и пијанистка) и Златко Петковиќ (перкусионист и тапанар), кои заедно свирeа и во култниот бенд Скарпс од Крушевац, а Златко е познат и како тапанарот од реге составот ЗАА.

Изданието беше промовирано во српската престолнина во петокот (14-ти февруари), а во Ниш ќе биде претставено на 20-ти март, каде што дуото ќе настапи со бендовите Катабазија и Фигуративен Театар во рамките на фестивалот Black Planet Takeover. „There’s Someone At The Door“ содржи 5 теми кои можете да ги преслуште и бесплатно да ги симнете преку бендкемп профилот на Black Planet Records.



Врати се горе ↑