14 април, 2014

Ауткест повторно заедно на сцена

Хип-хоп дуото Ауткест ја започнаа својата повратничка турнеја со настапот на американскиот фестивал Коачела. Членовите на дуото, Андре 3000 и Биг Бои настапија заедно, за прв пат по 10 години, во петокот, 11 април, а покрај ексцентричната сценографија и ласерските ефекти, на сцената им се придружија и колегите Џанел Моне, Фјучр и Слипи Браун. 

На сетот кој траеше околу 90 минути, момците претставија голем дел од нивниот деби албум Southernplayalisticadillacmuzik“ од 1994 година, како и дел од песните од соло изданието на Биг Бои Sir Lucious Left Foot: The Son of Chico Dusty”а гостите изведуваа нивни песни. Изведбите на хитови како што се „Sorry Mrs Jackson“, „Hey Ya“, „So Fresh, So Clean“ и многу други можете да ги погледнете горе.

 



Врати се горе ↑