28 октомври, 2012

Аул Сити со нов видео запис

Aул Сити е музички проект кој е оформен во 2007 година од пејачот, тесктописец и мулти инструменталист Адам Јанг, кој дојде до идеја за истиот експериментирајќи во подрумот на неговите родители. Овој проект до сега има издадено три албуми, од кои последниот „The Midsummer Station“ беше издаден во август годинава. Нумерата „Shooting Star“ беше наменета да биде најавен сингл на албумот, но бидејќи Карли Ре Џепсен ги освои топ листите со „Call Me Maybe“, соработката помеѓу нив за нумерата „Good Time“ ја доби таа улога и постигна значителен успех на топ листите. До сега Aул Сити има постигнато најголем успех на топ листите освојувајќи го првото место со големиот хит сингл „Fireflies“ кој беше одлично освежување на музичката сцена.

Деновиве беше промовиран и видео записот за „Shooting Star“, нумера која е во препознатливиот стил на Aул Сити и е уште еден голем хит на проектот.

 



Врати се горе ↑